Победникот ќе добие стан во Скопје: Почнуваат гала вечерите на талент шоуто "Ѕвезда број еден"

Добивај вести на Viber

Стартуваат ГАЛА вечерите од „Мел Фест талент шоу : Ѕвезда број 1“ – Победникот добива стан во Скопје и ексклузивен договор со продукцијата организатор на фестивалот "Мел фест". 

Оваа недела, на 02 Јуни, точно во 21.00 часот стартуваат шесте гала вечери од „Мел Фест талент шоу : Ѕвезда број 1“ кое се емитува на 1ТВ.

Во овие полуфинални емисии ќе се натреваруваат вкупно 39 полуфиналисти, кои беа избрани низ аудициите ширум нашата земја, а десетмина од нив ќе влезат во големото гранд финале.

Жирито ќе биде составено од Елена Петреска, уметнички директор на „Мел Фест“ и втор човек на ова шоу, новинарката Вања Тодоровска, Александар Масевски и Сергеј Варошлија, додека пак директорот на фестивалот „Мел Фест“ и „Арт 10 продукција“, Пеце Стојкоски, ќе го сочинува продукциското жири.                                                                        

- Борбата ќе биде навистина голема. Фестивалот „Мел Фест“ отсекогаш бил расадник на таленти, па така и овој пат, преку овој формат на шоу кое е комплетна идеја на тимот од фестивалот, публиката нека очекува спектакуларно шоу кадеќе се отвори патот за оформување на нова гарнитура пејачи во Македонија, со кои сите ќе се гордееме. Првопласираниот кандидат ќе потпише ексклузивен договор со нашата продукција за нови песни, спотови и апбуми, а ќе добие и стан во Скопје, додека пак второ и трето пласираните кандидати ќе добијат песна и спот, вели Пеце Стојкоски.

Ова е прва сезона на „Мел Фест талент шоу: Ѕвезда број 1“, а од септемрви очекувајте старт на втората сезона, која ќе биде одлична можност за сите оние кои од било какви причини не беа дел од овие први аудиции низ македонските градови.