Почина бабата на Нина Ангеловска: Баба Николина беше пионер во селски туризам

Добивај вести на Viber

Почина бабата на поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска.

Николина Ангеловска од Брајчино - најдалечното село од Скопје, во подножјето на Баба планина, беше пионер во селски туризам од 80-тите. Таа заедно со сопругот, пред 30-тина години, се вратиле од Скопје во родното Брајчино каде што инвестирале во развојот на туризам.
Нина, како што неодамна раскажа на Твитер, таму со баба ѝ и дедо ѝ поминувала многуи лета, каде го открила вкусот на шумските јагоди, учела да меси зелник, да нижи пиперки, да прави слатко, домашен ликер...


„Денес испраќаме великан, жена која направи промени, која ширеше уникатна енергија и мудрости, која секогаш беше расположена со цело срце да прими гости и да им ја раскаже приказната за Брајчино.
Нашата Николина од Брајчино- пионерот и основоложникот на селскиот туризам од која секој можеше многу да научи.
Верувам дека ќе живее преку спомените уште долги години, и ќе биде спомнувана и раскажувана од луѓето кои имаа прилика да ја запознаат.
Почивај во мир наша една и единствена Николина Ангеловска timeless

Благодарност до сите кои ја раскажуваа и ширеа нејзината приказна и енергија“ - напиша Ангеловска на Инстаграм и сподели фотографии со нејзината баба Николина.