Култура // Настани
Почина Екрем Хусеин
Екрем Хусеин доајенот на македонскиот балет по долго боледување почина денеска на 75 годишна возраст. Ќе остане запаметен по бројни улоги во балетски претстави во неговата кариера долга половина век.
Во 2008 година ја доби наградата „Менада“ на „Танц Фест“ за врвни достигнувања во танцот.
Поради колективниот годишен одмор, комеморација во неговата матична куќа - Македонската опера и балет, најавуваат за следната недела.