Почина Марко Николиќ, славниот Попадиќ од „Подобар живот“

Добивај вести на Viber

Марко Николиќ, славниот актер кај нас најпознат по носечката улога во легендарната серија „Подобар живот“ почина денеска на 73 години, потврди на социјалните мрежи неговата ќерка Мина.

Николиќ е роден на 20 октомври 1946 година. Дипломира на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Оствари бројни ТВ- улоги, но играше и на филм и во театар. Најголемата популарност на поранешните ју-простори ја стекна како Гиго Попадиќ во култниот проект „Подобар живот“.