Почина писателот Филип Рот, добитник на Пулицерова награда

Добивај вести на Viber

Американскиот книжевник Филип Рот почина во текот на ноќта во 85-тата година од конгестивна срцева слабост, соопшти неговиот агент Ендрју Вејли. 

Филип Рот е автор на повеќќе од 30 збирки приказни и романи. Прв негов роман беше„Збогум, Колумбо" во 1959 година, но слава доживеа во 1969 година, со „Портноевата болка" За романот „Американска пасторала“ во 1998 година ја доби Пулицеровата награда.