Починатите се изгорени до непрепознатливост, чудно е, суво дрво да беше немаше да пламне за 3 минути, вели Нуредини

Сѐ траело три минути, дојдов и јас веднаш, но се беше завршено, изгорено, рече денеска координаторот на Ковид центарот во Тетово, Гзим Нуредини. Вели дека пациентите се спасувале и сами, со кршење прозорци, но за жал живи останале само 12 луѓе, додека 14 се мртви. Не сакаше да шпекулира за причините, но тврди дека во објектот имало и ПП апарати и надзорни камери. Сепак вели дискутабилно е како да се употребат внатре кога пожарот траел толку кратко. 

„Тоа сѐ траеше 3-5 минути. Медицинските екипи, вработените и лица коишто беа надвор, роднини коишто сакаат да комуницираат со нас…сите тие помогнале и замислете сѐ се случи за 3 минути. За тоа време се спасија само овие 12 пациенти. Другите не се успеа бидејќи пламенот за 3 минути го опфати целиот простор“, рече Нуредини.

Вели дека кога дошол, а успеал да стигне за неколку минути се било завршено.

„Ние не сме експерти баравме јавен обвинител, цел објект бил во пламен наеднаш. Мене ми е чудно и суво дрво да е, нема да гори толку брзо. Сепак не сакаме да го политизираме настанот, истрагата нека утврди како се случи и зошто изгоре толку брзо, вели Нуредини.

Починатите се пратени на Институтот за судска медицина затоа што биле изгорени до степен на непрепознатливост. Тие што се спасени биле без никакви поседици од огнот и веднаш биле транспортирани во Интерната клиника во Тетовската болница. 

Детали читајте на Фактор тука.