ПОЧНА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКАТА ТУРНЕЈА „ЕДНА ЉУБОВ“ ВО ПАРК

Добивај вести на Viber

Со изведба на македонската и на бугарската химна, денеска во Градскиот парк во Скопје, почна настанот "One love tour". Бугарската химна ја отпеа Деси Добрева, а македонската Стефан Филиповски од "Некст тајм".                               

"Една љубов" е македонско-бугарска летна турнеја која ќе се одржува во повеќе градови.

 Забавата , на радост на најмладите, почна со "Златно славејче", а публиката во денскиот дел од програмата ја развесели настапот на "Љубојна".

Турнејата е поддржана од владите на двете држави. 

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева и нејзиниот македонски колега Никола Димитров исто така беа дел од забавата во парк.       


"Бугарската влада ќе направи се за да и го олесни патот на Македонија кон ЕУ и кон НАТО. За зближување на двата народа, помагаат и вакви настани", изјави Захариева пред македонските и пред бугарските медиуми. 






"Една љубов" продолжува до доцна навечер, со настап на  Слаткаристика, "Некст Тајм", "Фолтин", Сашко Коцев, Деси Добрева, Графа, Апсурд, Ансабл Булгаре. Поставени се и штандови со кулинарски специјалитети и занаетчиски работилници, а најмладите гости ги забавуваат жонглери.     

            

М.Џаровска