Животна училница // Приказни
Подгответе се: Еве кога почнува зимското сметање на времето
Зимското сметање на времето се префрламе секој последен викенд во октомври ноќта меѓу сабота и недела, додека летното сметање на времето започнува последната недела од март кога времето се поместува еден час нанапред.
Годинава, ноќта меѓу 26 и 27 октомври, времето се поместува за еден час наназад, од 3 на 2 часот, што значи дека се враќаме од летно во зимско сметање на времето. Иако многумина веруваат дека поместувањето на часовникот го нарушува биоритамот, за некои нема да биде тежок преминот кон зимско сметање на времето, бидејќи ќе спијат еден час подолго.
Часовникот го поместуваме двапати годишно, а експертите велат дека поместувањето на часовникот напред или назад може да предизвика одредени здравствени проблеми.
Извор: ФакторФото: Freepik.com