Подгответе се: Овие датуми во октомври носат голема среќа за овие хороскопски знаци

Месецот започна со затемнување на Сонцето кое ќе разбуди љубовните енергии, додека кон средината на месецот не очекува полна месечина во знакот Овен.

Астролозите предвидуваат дека октомври 2024 година ќе биде месец исполнет со моќни енергии кои постојано ќе кружат околу нас. Еве ги деновите кои се особено поволни и носат најмногу среќа, успех и времето кога се исполнуваат сите желби.

Дополнително, важните астролошки порамнувања, сврзници и квадрати ќе донесат дополнителна динамика во овој период. Ова се 2-те датуми кои астролозите ги издвојуваат како најсреќни, кога ќе имате можност да ги надминете стравовите и да ги решите долгогодишните препреки.

7 октомври - Полна месечина во Овен

Супермесечината носи силна енергија и чувство на решителност. Ќе бидете мотивирани да ја преземете контролата врз вашиот живот и да тргнете напред во посакуваната насока. Оваа Месечина исто така може да ги освежи целите поставени за време на Новата Месечина.

30 октомври - Меркур во опозиција на Уран

Крајот на месецот носи наплив на возбудливи идеи и ментална стимулација. Средбата на Меркур и Уран поттикнува иновативно размислување и инспирација, правејќи го овој ден совршен за креативни проекти и нови откритија.