„Подобро без неа“: Мили покажа како изгледа со долга коса и сите ги насмеа (ФОТО)

Познатиот музичар објави фотографија во необично издание.

Александар Милиќ Мили ги насмеа следбениците со фотографија на која има долга коса.

Иако отсекогаш го познававме без коса, тој сакаше на своите следбеници да им покаже како изгледа со неа.

„Подобро без коса... нели? Роберт Плант од Алибаба“, напиша Мили.



„Не можам ни да замислам.. секако без коса толку секси“, „Како и да е БЕЗ КОСА“, се само дел од духовитите коментари на неговите следбеници.

Да потсетиме, Мили по успешната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ со семејството отпатува во Грција, а со сопругата и децата го придружуваше познатиот тенисер Ненад Зимоњиќ.