Погледнете како Путин пее пред холивудската елита: Свиреше и на клавир, а публиката воодушевено аплаудираше

Владимир Путин пред холивудската елита отпеа популарен американски хит

Рускиот претседател Владимир Путин ги исполнува написите во весниците поради одлуката да испрати свои војници во Украина. Бидејќи вакво нешто одамна не се случило, приватниот живот на рускиот претседател детално се анализира, а неодамна на социјалните мрежи почна да кружи видео старо 12 години, на кое Путин демонстрираше завидни музички способности.

Имено, Путин во 2012 година на хуманитарна забава во Санкт Петербург го отпеа американскиот хит „Blueberry Hill“, со изведбата на споменатата песна, рускиот претседател свиреше и на клавир, а публиката воодушевено аплаудираше со неговата изведба.

Публиката во тоа време беше самиот холивудски крем: Моника Белучи, Шерон Стоун, Кевин Костнер, Курт Расел, Голди Хоун и Жерар Депардје.


Фото и Видео: Youtube