Погледнете какви пораки ни испратија децата од Дајте музика пред самиот настап на Евровизија
Кристина Мукаетова, Анастасија Џабирски, Миха Гигов и Филип Поповски, актерите и пејачи од популарната серија „Дајте музика“ ќе ја изведат темата „Green Forces“ денес на овогодинешниот Детски Евросонг во Париз. Автор на музиката и аранжманот е Роберт Билбилов, а на текстот Робин Зимбаков.
Натпреварот започнува во16 часот. Ќе се натпреваруваат изведувачи од 19 земји, а нашите „Дајте музика“ настапуваат претпоследни. Победникот и оваа година, како и претходните, ќе го изберат публиката и стручното жири.
На изборот можеме да гласаме за нашиот претставник на веб-платформаte JuniorEurovision.tv. Првата фаза на гласање почна во петокот и ќе трае до денес, до 16 часот .Втората,ќе се одвива по завршувањето на шоуто.
Еве какви пораки специјано за Женски магазин ни испратија нашите претставници пред самиот настап и што си посакуваат за Новата година:
Р.Ж:М