Полн погодок: Харизматичната Јелена Розга во тексас здолниште и волнен џемпер
Пејачката стана вечна инспирација за жените од регионот токму поради нејзината софистицираност и минимализам.
Харизматичната поп пејачка Јелена Розга често ја воодушевува публиката преку Инстаграм со своите модни комбинации кои зрачат со женственост, софистицираност и префинет вкус.
Покрај извонредните вокални способности, пејачката е и дама со стил, а како што истакнува модните трансформации ја прават исполнета и среќна.
Дождливите октомвриски денови Јелена ги поминува во родната Хрватска, а последниот стајлинг кој го покажа доби грст пофални зборови.
Белите волнени џемпери се многу популарни оваа сезона, особено во комбинација со тексас и кожа, а пејачката го одбра овој тренд за опуштена прошетка со пријателите.
Миди тексас здолништето е идеално решение кое одлично ќе се вклопи со мартинки од сите нијанси и материјали.
извор:GLOSSY