Понеделнички хороскоп: Бикот ќе се заљуби, Шкорпијата ќе се разболи
Овен
Ве очекува стабилност кога станува збор за работата. Можно е да имате супер ден за одмор.
Немате причина за нервоза или грижи. Кризата конечно поминува.
Посетете лекар за рутинска контрола.
Бик
Не ве очекува добивка и затоа не преземајте големи ризици. Избегнете ги проблемите кои би можеле да ги имате.
Можно е да се заљубите во нова личност. Подготвени сте за нова врска.
Би можела да ве следи вртоглавица.
Близнаци
Имате впечаток дека некои работи ви го блокираат успехот. Не ви е лесно да ги решите сите проблеми.
Ве очекува интересна комуникација со партнерот. Пред вас е убав ден за љубов.
Можни се проблеми со циркулацијата.
Рак
Можете да очекувате дека во текот на денешниот ден ќе успеете да решите некои важни проблеми на полето на работата.
Задоволни сте со самотијата. Слободата ви годи и засега не сте подготвени за нова врска.
Состојбата е одлична.
Лав
Ве очекува нова можност за вработување. Можете да очекувате дека ќе постигнете договор кој е многу исплатлив за вас.
Отворено ќе и ги покажете своите планови на саканата личност. Сакате таа да се прилагоди на вас.
Би ви годела масажа.
Девица
Можете да очекувате опуштена атмосфера на полето на работата.
Уживате во флертот и не сте подготвени за повеќе од тоа. Само ги истражувате можностите на тоа поле, засега.
Избегнувајте мрсна храна.
Вага
Препораката е да не брзате со одлуките. Денешниот ден не е многу поволен и можете само да си нанесете штета.
Размислувате за прекин на врската бидејќи не се чувствувате сакано.
Болки во нозете.
Шкорпија
Пред вас се нови предизвици на полето на работата. Можно е да имате препреки и да не можете да ги остварите своите планови.
Некоја личност од минатото сака да се врати во вашиот живот, но вие не сте подготвени на тоа.
Проблеми со настинка.
Стрелец
Можно е да имате проблеми и да не ви е лесно да го остварите тоа што го посакувате.
Покрај саканата личност се чувствувате сигурно и задоволно.
Зголемете го внесот на магнезиум.
Јарец
Можно е да ви делува дека сите проблеми се нерешливи и дека нема да успеете да се справите со потешкотиите.
Не е добар ден за љубов. Ако влезете во нова врска, брзо ќе дојде до раскинување.
Дозволете си денес да е ден за опуштање.
Водолија
Не очекувајте премногу, бидејќи ѕвездите не ви се многу наклонети.
Се трудите да го подобрите односот со саканата личност.
Можни се проблеми со видот.
Риби
Максимално сте посветени на работата и се трудите да остварите подобра ситуација на ова поле.
Лесно се впуштате во нова врска. Можно е да сте брзоплети и импулсивни во донесувањето на некои одлуки.
Можни се проблеми со несоница и нервоза.