Понеделнички хороскоп: Промени во расположението за Јарец, пријателство за Водолија

Добивај вести на Viber

Овен

Не сте сигурни колку можете да ѝ верувате на една личност која константно се нуди да ви помогне за некои прашања. Сметате дека кај неа постои извесна форма на манипулативност и веројатно сте и во право. Слободно сметајте дека вашиот емотивен партнер денес жестоко ќе ве изнервира. А, и вие него.

Бик

На лицата со кои сте во контакт многу често мошне им се допаѓа вашиот начин на размислување и идеите кои ги имате. Можно е дури да ви биде предложена соработка. Емотивниот партнер се обидува да ве потсети на ветувањето или договорот, но вие многу успешно избегнувате да му излезете во пресрет.

Близнаци

Ќе биде напорно, но мошне весело на работа, па ќе ви биде полесно да одработите некои здодевни обврски. Мозокот денес ќе ви работи 100 на час, па искористете го овој момент да решите некој проблем кој вас веќе подолго време ве мачи. Во контакт со спротивниот пол покажувате ведрина и елоквентност.

Рак

Денес ќе мора да одработите некоја обврска која веќе извесно време ја одложувате. Сте дошле до некој краен рок и време е да се покренете. Денес доаѓате во контакт со исклучително интересни луѓе кои во вас ќе разбудат интерес.

Лав

Иако тоа не била ваша намера, на другите денес во комуникацијата ќе им делувате препотентно и арогантно. Во суштина – тоа истото би можеле и вие да го кажете за нив. Слаби можности за договор. Саканата личност многу нешта ќе ви забележи денес.

Девица

Имате семеен проблем? Денес соберете го вашето семејство на едно место и разговарајте за пронаоѓање на решение. Семејството ќе ви помага да ја подобрите атмосферата во вашето живеалиште. Ако сте во врска, ќе се најдете во ситуација да треба да одлучите дали сте подготвени за заеднички живот со саканиот. Ова треба да биде добро смислена одлука.

Вага

Енергијата денес треба да ја распоредите рамномерно. Не се форсирајте на работното место, бидејќи неопходен ви е одмор, ако сакате да избегнете погрешни одлуки и чекори. Емотивно сте стабилни, па затоа денот треба да го искористите за сериозни дискусии со блиските.

Шкорпија

Сметате дека заслужувате повеќе? Денес борете се за она што ви припаѓа наместо само да се жалите. Самодовербата ќе ви помогне да ги убедувате луѓето да ги исполнуваат вашите барања. Некои Скорпии со помош на влијателна личност ќе се сместат на врвот во нивната област на работење.

Стрелец

Денес сте итри и снаодливи, а тоа треба да го искористите на поле работа. Не ги игнорирајте советите од колегите и што и да правите, проверувајте двапати. Приватно владее безгрижна атмосфера. Не подлегнувајте на темните мисли и сомнежи, немате причина за тоа.

Јарец

Можни се драматични промени на расположението, па внимателно со реакциите. На работното место, не скршнувајте од дневната агенда и плановите. Секоја ненадејна промена може да ви донесе неуспех. Во љубовта направете го првиот чекор, нема да зажалите.

Водолија

Денес ќе имате прекрасни разговори со вашите пријатели со кои ќе им надоместите за пропуштените средби. Прекрасно е кога околу себе имате лица што ве разбираат. На работното место, претпочитајте ја тимската работа.

Риби

Треба повеќе време да си посветите себеси и на своите потреби. На работното место слушајте го внатрешниот глас, наместо туѓите совети и претпоставки. Останете практични за да избегнете грешки. Во љубовта имате силна привлечна енергија, па може да се соочите со двоумење помеѓу две или повеќе личности.