Попара, залиена пита, прженици: 12 старински јадења од времето на Југославија - додека ги јадевме пукавме од здравје - нема повкусно
фото:recepti.com / bakina kuhinja
Додека ги јадевме пукавме од здравје - нема повкусно!
Секој од нас има сеќавање на некое старинско јадење кое се подготвувало во Југославија. А бидејќи за истите не биле потребни многу состојки за да се подготват, познати се и како „сиромашни јадења“.
Без разлика дали причината била оддалеченоста од најблиската продавница или сиромаштијата, се подготвувале „сиромашни оброци“ со многу малку намирници. Ова се всушност и највкусните јадења на кои со задоволство се сеќаваме од времето на стара Југославија.
Ви го пренесуваме списокот со „старинските, сиромашни јадења“ кои сите ги обожувавме, а додека ги јадевме пукавме од здравје:
1. Рестован компир
Во пржениот кромид додадете варени компири и изгмечете, па зачинете со пипер, сол и бибер по желба.
2. Леб, маст и црвен пипер
Со овој оброк повозрасните ќе се потсетат на нивното детство, а сега е незамисливо за нашите деца.
3. Слатка зелка без месо
Овој здрав, лесен и евтин ручек лесно се прави. За да биде повкусно, во зелката и другиот зеленчук додадете кромид (кој прво го пропржувате), моркови, пиперки, лук по желба, домати и магдонос.
4. Компири варени со кора
Ништо поедноставно. Послужете го со сирење, направете салата од домати и имате ручек кој е идеален за топлите летни денови.
5. Бајат леб и кисело млеко
Кога не знаете што да јадете за појадок или вечера, издробете го лебот кој ви останал од вчера, во ладно кисело млеко или јогурт. Дури и денес многу деца го сакаат ова.
6. Попара
Здробете го во топла вода на парчиња лебот кој ви останал од вчера или завчера. Загрејте масло или маст и прелијте го лебот, промешајте, додадете сирење или павлака. Може да се прави со млеко наместо вода, а може да се направи и без маст и врело масло.
7. Прженици
Наместо да јадете сувомеснати производи полни со адитиви за појадок или вечера, направете прженици од компир или пиперка и јајца или било кој зеленчук кој го имате дома и пијте јогурт.
8. Пржени кришки леб
И денеска се практикува овој брз и многу вкусен оброк. Испржете лепчиња со јајца и јадете ги со јогурт или сирење.
9. Супа од компири
Кромидот и морковот се пропржуваат, се додаваат компирите исечкани на коцки, се прелива со вода, се вари, па се додава сок од домати и се зачинува. По желба можете да додадете и друг зеленчук во супата од компири, на пример пиперки.
10. Подварок
Кисела зелка со свинска маст, свинско месо и сланина - динстанана смеса во земјен сад.
11. Бајат леб со млеко и шеќер
Додадете шеќер во издробениот леб и прелијте го со врело млеко или путер. Додадете и малку шеќер одозгора - ова некогаш беше омилен десерт на децата.
12. Залиена пита
Ништо поедноставно - наредете ги корите, подмачкајте ги малку со путер, а печеното прелијте го со топла вода!
извор:stil.kurir