Култура // Филм
Популарната Анѓелка ќе се проба и во водителството-ќе води познат квиз
Aнѓелка Прпиќ, белградската актерка која е популарна и кај нас благодарение на серијата „Андрија и Анѓелка“ во април ќе стане водителка и тоа на квизот „Пет на пет“.
-Во последните месец дена активно се работи на овој проект кој на телевизија го чуваат во строга тајност. Една работа која ја открија е кастингот за оваа емисија, во кој ќе учествуваат дури шест гости кои не се јавни личности. Откако е одржан кастингот, донесена е одлука Анѓелка да биде таа која ќе ја води оваа емисија-рекол извор за српски медиуми и додал дека пресудил фактот што се работи за забавен квиз а Анѓелка се докажала како врвна заабавувачка.
Инаку, Анѓелка неодамна имаше и премиера на својата монодрама „Што ме снајде“ која моментално со успех се игра во Србија.