Поранешната катарска принцеза лежела мртва 4 дена во својата куќа: Хигиеничарката ја открила последната порака која ја примила од неа

Касија Галанио (45), чиј поранешен сопруг е вујко на сегашниот емир на Катар, минатата недела беше пронајденa мртва во кревет во својот луксузен пентхаус од 2 милиони фунти. А сега протекоа информации дека Касија лежела мртва четири дена во својот дом, пренесува „Дејли мејл“.

Поранешната катарска принцеза која почина од наводно предозирање со дрога, откако водеше битка за старателство над своите ќерки, се обидела да ѝ подари дизајнерска облека на својата куќна помошничка пред нејзината смрт.



„Дејли мејл“ открива дека Касија непосредно пред да почине ѝ испратила видео на својата посветена куќна помошничка Теодора Поми на која се гледаат торбите со облека што сакала да ѝ ја подари.

Пома (43) сега верува дека Касија можеби сакала да го направи тој гест за да се збогува со неа, знаејќи дека никогаш повеќе нема да ја види.

Галијано, исто така, побарала од неа и еден колега да дојдат и да го исчистат нејзиниот стан на седмиот кат во луксузното шпанско одморалиште Пуерто Банус во близина на Марбела. Но, кога Пома се обидела да ѝ врати порака за да ги потврди аранжманите што треба да дојдат во понеделник оваа недела, таа не добила одговор.

Сега таа верува дека тоа е затоа што Касија веќе лежела мртва во нејзината куќа.



„Дејли мејл“ пишува и дека Хани, куче од расата на померанци, била со Касија кога таа починала. Кучето сега им е вратено на ќерките.

Пома исто така раскажала дека Галанио отишла во Париз во април оваа година за да се бори против нејзиниот поранешен сопруг Абделазиз бин Калифа ел Тани (73) за старателство над нивните три ќерки - две 17-годишни близначки и 15-годишно девојче.

Сепак, францускиот суд одлучи девојчињата да останат во Франција, каде што живее нивниот татко, бидејќи наводно се шпекулира дека г-ѓа Галанио е склона на нервни сломови и дека посетувала клиники за детоксикација во борбата против алкохолот.


Фото: Printscreen Instagram