Поранешната на Роналдo оди на операција за враќање на невиноста: Сака да се омажи како девица во црква

Легендарниот бразилски напаѓач со неа има син кој го доби за време на аферата во 2004-та година

Од Бразил имаме многу интересни вести: Поранешната девојка на Роналдо, Мишел Умезу решила да направи хименопластика за да си ја врати невиноста и потоа да може да се венча во црква како девица!

View this post on Instagram

A post shared by Michele Umezu (@micheleumezu)


Поточно, Мишел не беше класична девојка на легендарниот фудбалер, туку повеќе афера од која се роди синот Александар Роберт, што поранешниот напаѓач на Барселона, Реал, Интер и Милан го призна дури во 2010-та година.


Мишел имала афера со Роналдо во 2004-та година, а оваа девојка со години работи како модел и бодибилдер. Додуша, таа го запознала Бразилецот кога била келнерка.


Главната причина зошто Мишел сака да оди на операција за враќање на невиноста е нејзината вера.

- Сакам да имам секс само откако ќе се венчам во црква. Барам маж со иста цел и иста вера. Не се срамам да го кажам тоа, бидејќи тоа е она што навистина го сакам. Мое тело, мои правила – изјави Мишел.

Исто така, таа призна дека поради кариерата како бодибилдер користи хормони поради кои чувствува недостаток на желба за секс и дека долго време нема никој покрај себе.


Од друга страна, Роналдо е во врска со извесна Селина од 2017-та година и заедно имаат едно дете.

View this post on Instagram

A post shared by  (@celinalocks)


View this post on Instagram

A post shared by (@celinalocks)


Извор: www.telegraf.rs