Порасна малиот Дарин: Синчето на Јана Бурческа се разладува со тато во базен (ФОТО)

Иако на социјалните мрежи не го експонира премногу приватниот живот, пејачката Јана Бурческа понекогаш знае да нѐ изненади и да ни покаже како нејзе и на нејзиното семејство им поминуваат деновите.

Таа на Инстаграм приказна сподели фотографија од синчето Дарин и нејзиниот сопруг како уживаа во летните денови.

Двајцата се разладуваат во базен како вистински татко и син.


Пејачката и водителка Јана Бурческа и сопругот Александар со кој е во брак неколку години, се горди родители на ќерката Дона и малиот Дарин. 

 Сите велат дека Дона е „плукната“ на Александар. Дали е така и по карактер или сепак личи на мама Јана - во неодамнешно интервју за Женски магазин, Јана ни откри:

  - Во однос на физикусот на Дона едноставно „немам шанси” со Александар (се смее), меѓутоа во карактерот ми се чини дека е комбинација од двајцата. Упорна и решителна како тато, креативна и муабетчика на мама. Велат дека синовите се на мама, но во секој случај овде ќе речам дека најважно е — секако — детенцето да е здраво и живо. 

Дарин многу потсетува на својата сестричка Дона, за која во многу наврати сме пишувале дека е копија на тато Александар.