Посен колач со ореви и пиво-Брз и едноставен десерт (РЕЦЕПТ)

Добивај вести на Viber

Еден од најубавите посни колачи со јаткасти плодови и пиво.

 Брз и едноставен, со феноменален вкус

Потребни состојки:

-1 чаша брашно од 200 гр.

-100 g мелени ореви

-250 мл пиво

-50 мл маслиново масло

-1 прашок за пециво

-100 гр шеќер

-1 лажица шеќер во прав

-50 гр сечкани урми

-кора од портокал

-1 шолја замрзнато овошје по желба

малку џем + сечкани ореви за посипување


Подготовка:

Во сад сипете пиво и шеќер и мешајте додека шеќерот не се растопи.

Додадете ги просеаното брашно и прашокот за пециво, масло, кора од лимон, сечкани урми измешани со малку шеќер во прав за да не се залепат, кора од портокал и убаво измешајте.

Добиената смеса ставете ја во мал плех обложен со хартија за печење. Печете на 200 степени C околу 35 минути.

Врз врелиот колач намачкајте малку џем и декорирајте со сечкани ореви.

Оставете да се излади, па сервирајте.

Пријатен апетит.