Посладок мини фустан не сте виделе годинава: Јелена Ѓоковиќ покажа како еден микротренд го менува целиот впечаток

Добивај вести на Viber

Доволен е само еден детал за да му даде ретро и романтичен шмек на стајлингот, а сопругата на најдобриот тенисер на планетата одлично го искористи.

Јелена Ѓоковиќ, сопруга на тенисерот Новак Ѓоковиќ и директорка на фондацијата што го носи неговото име, е една од најдобро облечените жени на јавна сцена.

Како вљубеник во елегантниот и недооценен стил, Јелена маестрално избира едноставни парчиња кои со леснотија оставаат впечаток, а неодамна донесе еден таков фустан кој може да ви послужи како модна инспирација во сите сезони.

Сопругата на Новак Ѓоковиќ гостуваше во една емисија во шик светло розов фустан, многу едноставен модел кој сепак се издвојува по својот крој и детали. Изборот на Јелена беше мини фустан со директен крој, со малку поширок и полабав горен дел, а се работи за модел без ракави кој ги истакнува рамениците.

Романтичен, женствен и очигледно удобен, овој фустан би се истакнал и без посебниот детаљ кој го „заокружува“ – пристојната бела јака. Станува збор за класичната јака која вообичаено ја гледаме на кошулите, детаљ кој го засилува впечатокот и е мошне тренди во текот на есента изминативе сезони.

Овој микротренд може да ја замени чантата или чевлите и да ни даде можност да експериментираме со изгледот и да додадеме сериозна предност на секој стајлинг.

Сè на сè, тоа е совршен начин да додадете малку карактер на вашите есенски стајлинзи, а за особено симпатичен и романтичен изглед, обично се избираат фустани со јака.

Јаки – микротренд за есен

Се започна со блузи и џемпери со јаки во винтиџ стил кои ѕиркаа под нив, а набрзо го преплавија Инстаграм и за кратко време станаа тренд за кој се зборува.

Фото: Јутјуб/Принтскрин
Извор: glossy.espreso.co.rs