После 20 години решила да го тужи гинекологот на мајка си затоа што ја родила: „Требало да се откаже од бременоста“

Поради неговата грешка таа се родила со тешка здравствена состојба

Ева е родена во 2001 година, но не како речиси секое бебе. Имено, по нејзиното раѓање и била дијагностицирана спина бифида. Поради ова, девојката морала да порасне и да живее поинаков живот од нејзините врсници - односно да биде приклучена за цевките кои ја одржуваат во живот 24 часа на ден!

Како што пишува порталот „Мирор“, додека Ева се‘ уште била во утробата на мајка си, не и се развиле рбетот и рбетниот мозок, а како што тврди оваа 20-годишна жена, за се‘ е виновен лекарот на нејзината мајка, д-р Филип Мичел.

Имено, доктор Мичел не ја советувала мајка ѝ да зема суплементи пред бременоста кои би ја спречиле оваа состојба. Доколку докторот навреме ѝ кажал на нејзината мајка да зема фолна киселина и други додатоци, ќе се намалил ризикот бебето да се роди со оваа болест.

Како резултат на тоа, Ева сега бара отштета од повеќе милиони долари затоа што е родена болна, а и требаат милиони за да се одржи во живот.


Сепак, докторот ја негира одговорноста и тврди дека и дал „разумни совети“ на нејзината мајка, како и на секоја пациентка.

Додека лекарите ширум светот долго време промовираат земање суплементи и фолна киселина пред бременоста, како и во првите 12 недели од бременоста, за да се намали ризикот од болеста спина бифида.

Мајката на Ева тврди дека докторот не ѝ спомнал дека овие суплементи се задолжителни.

- Ми кажа дека, ако водам здрав живот, не морам да пијам фолна киселина - рече таа на судењето.

Но, набрзо додала дека доколку знаела дека е неопходно да го зема овој додаток, но и навреме била информирана, би избрала да ја одложи бременоста додека не се подготви за тоа.

- Да го добиев вистинскиот совет, ќе ја одложив бременоста и ќе го подготвев телото за тоа, па ќе родев нормално, здраво бебе, генетски различно од Ева - изјавила мајката на суд.


Фото: Инстаграм