Даница и Лазар Ристовски по 42 години ставија крај на бракот: Познатите актери велеа дека ќе се сакаат цел живот, но љубовта им згасна

фото:instagram

По четири децении брак, истакнатите српски актери, Даница и Лазар Ристовски се разведуваат. 

Имајќи предвид дека важеа за еден од најхармоничните и најдолговечните парови на јавната сцена во Србија, тешко е да се погоди што би можело да биде причина за разделбата на двајца реномирани актери.

„Не се разделуваме поради друга жена или друг маж“, вели Лазар во ексклузивната исповед.

View this post on Instagram

A post shared by Lazar Ristovski (@lazar.ristovski)


- Едноставно ја потрошивме енергијата што не држеше заедно. Водени од конзервативните обичаи, можеби успеавме да продолжиме да живееме заедно, да се докажуваме, само не знам на кој, но секако е поздраво и поправедно што се решивме на овој чекор. Во последно време се гледавме со очи кои ја изгубија ревноста, ентузијазмот и љубовта што не' грееше повеќе од четириесет години, изјави актерот во исповед за магазинот „Глорија“ и додаде дека било тешко да се направи таква одлука.

Нивната љубовна приказна започнала уште во студентските денови. На првата средба меѓу Даница и Лазар се родиле емоции, а актерката често истакнуваше дека веднаш се заљубила во шармот и физичкиот изглед на Лаза.Тие се венчаа во 1980 година, а добија два сина - Петар, кој е филмски продуцент и директор и Јован, кој дипломирал економија. Постариот син, Петар е во брак со актерката Теодора Ристовски, додека помалиот, Јован со сопругата Љиљана минатиот септември го добија наследникот Богдан.

View this post on Instagram

A post shared by Lazar Ristovski (@lazar.ristovski)


Очигледно, ниту богат и исполнет семеен живот, ниту успешна кариера, ниту четириесет и неколку години под ист покрив не беа доволни за да ги одвратат Даница и Лазар од одлуката да потпишат документи за развод.

извор:stil.kurir.rs