После инфарктот и три мозочни удари: Пие редовно иако алкохолот ѝ е забранет и потполно го промени изгледот

Деми Ловато воопшто не личи на себе, а најновите фотографии го докажуваат тоа.

Поп sвездата Деми Ловато не престанува да ја интригира јавноста со своите изјави. Откако откри дека е во интимна врска со жена, Деми признала дека продолжува да конзумира алкохол и марихуана.

Овој пат, папараците ја уловија во Западен Холивуд во друштво на Парис Хилтон. Пејачката носеше долга карирана кошула, црни чорапи и чизми, а поради вишокот килограми и необичната фризура, никој не можеше да ја препознае.

„Што и се случи?“, „Ова не е таа“, „Дали е можно да е толку деформирана?“, „Никогаш не би ја препознала“...

Деми со години се бори со зависноста од дрога и алкохол. Во јули 2018 година, пејачката откри дека неколку минути ја делеле од смрт поради предозирање. Во документарниот филм „Танц со ѓаволот“, таа откри дека се уште повремено консумира алкохол и марихуана.

- Да си кажев себеси дека никогаш повеќе не можам да пијам или пушам марихуана, ќе се чувствував како осудена на неуспех. Толку пати во животот сфатив дека еден пијалок е исто како да пушам крек - изјави во таа прилика и истакна дека не сака да влијае на луѓето кои се борат со зависноста.

- Не сакам тие да мислат дека треба да пијат и да пушат трева. Не е за секого тоа. Закрепнувањето од зависност не функционира кај сите на ист начин. Никој не смее да биде принуден да биде трезен доколку не е подготвен. Не треба да одлучувате да се лекувате себеси за други луѓе. Мора да го направите тоа сами - заклучи пејачката која неодамна откри дека била силувана.

Се бореше и со депресија, а имаше и пореметување во исхраната што, како што рече, било поттикнувач за се што и се случило.

- Се обидов да му кажам на светот дека сум среќна со себе, што не беше вистина. Живеев во лага. Многу е тешко кога живееш опкружен со луѓе кои ти кажуваат како треба да изгледаш - изјави еднаш пејачката.

извор:wanted.mondo.rs