После корона сѐ повеќе срцеви проблеми: Една работа два месеци по ковид никако не смеете да ја правите-предупредуваат лекарите

Добивај вести на Viber

Многу пациенти кои имале Ковид-19 се жалат на палпитации на срцето, а лекарите откриле и ослабен срцев мускул, меѓу другите срцеви проблеми, како резултат на вирусот.

Експертите сега истакнуваат дека варијантата омикрон, иако поблага, може да предизвика компликации, така што заздравените пациенти имаат поголем ризик од срцеви заболувања како што се кардиомиопатија, згрутчување на крвта, палпитации, отежнато дишење ...

„Многу пациенти се жалат на отежнато дишење и палпитации. Вирусот предизвикува воспаление на крвните садови, што доведува до згрутчување на крвта. Тоа може да доведе до срцев удар, затоа треба да бидете внимателни кога вежбате и трчате“, вели кардиологот Ганеш Мантан, вработен во Медицинскиот центар Матан во Индија, пренесува „Тајмс оф Индија“.

Д-р Мохит Гупта, професор и кардиолог во болницата ГБ Пант во Делхи, на семинар за здравје истакнал дека вирусот може да предизвика акутна миокардна повреда и хронично оштетување на кардиоваскуларниот систем.

„Ковид може да се покаже фатален за пациентите кои веќе страдаат од срцеви заболувања. Кај оздравените пациенти забележани се четири истакнати проблеми, како што се отежнато дишење, болка во градите, слабост и оштетување на срцето“, рече тој.

Многу пациенти кои имале Ковид-19 се жалат на палпитации на срцето, а лекарите откриле и ослабен срцев мускул, меѓу другите срцеви проблеми, како резултат на вирусот.

Во некои случаи, пациентите со основна срцева болест доживеале влошување на симптомите. „Луѓето се соочуваат со симптоми како низок крвен притисок, високо ниво на шеќер и непријатност во градите“, додаде д-р Сагар Бухар.

Лекарите советуваа дека луѓето треба полека да воведуваат физичка активност во секојдневниот живот најмалку еден месец по закрепнувањето, предупредувајќи дека оние кои се изложени на ригорозни вежби ризикуваат да добијат срцев удар.

„Речиси 60 до 90 дена по закрепнувањето, луѓето не треба да се занимаваат со никакви напорни активности. Треба да започнат полека со нежен режим на вежбање. Треба да се следи отчукувањата на срцето, бидејќи многу луѓе се жалат на аритмија по вирусот“, изјавил кардиологот Др. Садик Азам.


Извор: најжена.рс