После Нова Година и кај нас ќе се продава ивермектинот: Забрзано се работи на одобренија во болници и веледрогерии

Добивај вести на Viber

Агенцијата за лекови МАЛМЕД за околу два до три дена ќе ги издаде потребните одобренија за лекот ивермектин, кои веќе стигнале до неа од неколку болници и веледрогерии од земјава.

Ова за Фактор го потврди првиот човек на Агенцијата за лекови, Лирим Шабани.

Тој вел дека фактот што до Агенцијата стигнале барања за увоз и набавка на овој лек, е добра вест, бидејќи неговата ниска цена беше причина тој да не биде исплатлив за економските оператори. Колку точно се пријавени компании за набавка на лекот не се знае, но се вели дека станува збор за неколку оператори.

Шабани објаснува дека откако пристигнале барањата, сега е неопходно да се завршат сите потребни законски процедури за издавање на одобренијата, како и да се обезбедат сите потребни документи и сертификати, постапка што е доста комлицирана. Сепак, директорот на МАЛМЕД вели дека нивните вработени се целосно ангажирани на овој случај и очекува дека ќе се успее за два до три дена, односно до крајот на годинава, да се издадат одобренијата.

Текстот продолжува на Фактор