Посна бајадера готова за 20 минути: Исто вкусна како мрсната, а може да стои и до една недела

Добивај вести на Viber

фото: printscreen youtube

Ви го пренесуваме рецептот за најубавата посна бајадера која е незаменлив дел од секоја празнична трпеза

Бајадерата со причина важи за кралица на малите колачи, а оваа посна варијанта е одлична бидејќи можете да ја подготвите неколку дена однапред. Чувајте ја во фрижидер до една недела, во калап што ќе го ставите во кеса откако ќе се излади или покријте го со фолија.

Состојки:

300 гр посни мелени бисквити

200 гр мелени ореви

250 гр шеќер

1 ванилин шеќер

10 лажици вода

200 гр посен маргарин

150 гр посна чоколада за готвење


За глазурата:

3 лажици шеќер

3 супени лажици вода

3 лажици масло

100 гр посна чоколада за готвење 

Подготовка:

Во тенџере истурете шеќер, вода и ванилин шеќер, па варете додека не зоврие. Се трга од оган, се додава маргаринот и се меша додека маргаринот не се растопи. Потоа додадете мелени бисквити и мелени ореви, па сè убаво измешајте. Добиената смеса поделете ја на два дела. Оставете ја едната жолта, а во другата додајте растопено чоколадо. Во правоаголната тава прво истурете го делот со чоколадо, а потоа вториот дел од смесата. Оставете во фрижидер. Направете ја глазурата само кога колачот целосно ќе се стегне. Во тенџере истурете масло, вода, шеќер, маргарин и чоколада за готвење, па мешајте на шпорет додека не се соединат сите состојки. Додека е топла глазурата прелијте ја врз колачот и оставете да се излади. Потоа бајадерата исечкајте ја на коцки и послужете.

Извор: stil.kurir.rs
* пр објава