Посни сарми идеални за Бадник: Наполнете ги со лосос и ореви, па прелијте со ароматичен прелив
Фото: printscreen youtube/ moja mala kuhinja
Заменете ги мрсните со подеднакво вкусни посни сарми
На празничната трпеза за Бадник задолжително има сарма. Наш предлог е киселата зелка да ја наполните со фил кој ќе им се допадне на сите. Станува збор за ореви, лосос, ориз и моркови. Уште подобро е сармите да не се динстаат на шпорет, туку да се печат во рерна и така да станат уште посочни, а за подобриот вкус е заслужен и ароматичниот прелив од вода, лук и слатка пиперка.
Состојки:
2 главици кромиц
2 праз
1 морков
100 гр ориз
450 гр мелени ореви100 гр чаден лосос
1 лажичка слатка пиперка
1 лажичка сув зачин
3 чешниња лук
кисела зелка
Подготовка:
Кромидот и празот ситно се сечкаат, па се пржат на масло. Кога ќе омекнат, додадете го сечканиот морков. Додадете сол. Потоа додадете го измиениот ориз и убаво измешајте. По неколку минути додадете ги мелените ореви, па посипете со сув зачин и бибер. Добро измешајте и извадете го од шпоретот. Додадете го сечканиот лосос и повторно добро измешајте. Киселата зелка исчистете ја, измијте ја и чувајте ја во млака вода околу половина час, а потоа наполнете ги листовите и свиткајте ја во ролна. Наредете во тавче подмачкано со масло и прелијте со преливот што сте го направиле мешајќи мелено лукче, вода и слатка пиперка. Се пече на 200°C околу половина час.
На здравје!*пр објава