Потврди дека поп музиката е нејзина прва љубов: Каролина Гочева го отпеа еден од најголемите хитови на Бритни Спирс (ВИДЕО)

Македонското девојче пријатно ги изненади своите обожаватели...

Каролина Гочева изминативе години како да и сврте грб на поп музиката и во со проектите Македонско девојче 1 и 2, како и Извор, кои се инспирирани од македонската народна музика. Веќе неколку години нема објавено поп албум, но сепак не крие дека поп музиката е нејзина прва љубов.

Тоа го откри и сега, откако објави видео на својот Инстаграм профил на кое го пее „Toxic“ - еден од најголемите хитови на светски познатата Бритни Спирс. На видеото, освен што пее, Каролина и свири на клавијатури, а во описот на Инстаграм објавата напиша: „Само за забава“.

View this post on Instagram

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Дека оваа „забава“ на македонската пејачка им се допадна на обожавателите потврдуваат и позитивните коментари и големиот број лајкови на објавата.

фото: Принтскрин / Инстаграм