Поучна новогодишна приказна која ќе ве направи подобар човек

Некогаш еден човек ја искарал својата тригодишна ќеркичка затоа што таа потрошила ролна златна украсна хартија. Времињата биле кризни и тој збеснал кога детето се обидело да украси кутија којашто сакало да ја стави под Новогодишната елка. 

И покрај се’, следното утро девојчето му го донело подарокот  и рекло: „Ова е за тебе, татенце.“
Тој се засрамил поради својата претерана реакција од претходниот ден, но кога ја отворил кутијата и на негово изненадување видел дека е празна, повторно збеснал. И се развикал: „Зарем не знаеш дека кога на некого му даваш подарок, во кутијата треба и да има нешто?!“
Девојчето го погледнало со солзи во очите и рекло: „О, тато, но не е празна. Јас издував бакнежи во кутијата. Сите за тебе, татенце.“ 
Таткото бил скршен. Го прегрнал своето девојче и ја молел за прошка. 

Легендата вели дека човекот со години ја чувал златната кутија покрај својот кревет и секогаш кога ќе се почувствувал обесхрабрен, ќе извадел еден замислен бакнеж и ќе се присетил на љубовта на детето што ги ставило бакнежите внатре. 

И во вистинска смисла на зборот, на сите нас како на луѓе ни е дадена по една златна кутија со безусловна љубов и бакнежи од страна на нашите деца, пријатели, семејство и од Бога. Човек никогаш нема да поседува ништо повредно од тоа.