Повеќе не ја кријат својата љубов: Популарната актерка по признанието дека е заљубена во жена, го објави и првиот бакнеж (ФОТО)

Актерката Ребел Вилсон беше во центарот на вниманието откако успеа да ја преполови својата телесна тежина, а потоа и со признанието дека е геј, што наиде на различни коментари.

Ребел Вилсон сподели фотографија на која позира со својата девојка Рамона Агрум и на Инстаграм напиша дека „можеби сѐ што ѝ било потребно за целото ова време била Дизни принцеза“.

View this post on Instagram

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

До тој момент, не беше познато дали актерката имала врски со жени, а нејзината врска со милионерот Џејкоб Буш беше медиумски проследена.

Ребел помина низ тежок период. Имено, австралискиот весник „Sydney Morning Herald“ контактирал со неа, бидејќи имале информација дека е геј и побарал нејзин коментар. Актерката веднаш потоа ја објави споменатата фотографија, на што сите овие весници реагираа со вест во која ја осудуваат што самата ја споделила една од најважните и најчувствителните работи во животот, наместо да им препушти да имаат светска екслузива.

Сега, популарната актерка објави фотографија на која се бакнува со својата партнерка и со тоа покажа дека негативните коментари не ја интересираат и дека е среќна и задоволна.

Ребел Вилсон после сето тоа им се заблагодари на обожавателите за поддршката и истакна дека ѝ било тешко да се избори со целата ситуација, но дека сепак успеала.

фото: Принтскрин / Инстаграм