Повеќе од 500.000 работни места се непополнети во Германија: Нема негувателки, социјални работници, возачи

Помеѓу јули 2021 година и јули 2022 година, на пазарот на трудот во Германија недостасувале повеќе од половина милион квалификувани работници. Ова е резултат на студијата спроведена од Институтот за германска економија (IW) во Келн. Регистрирани се вкупно 537.923 непополнети работни места, објави Дојче Веле.

Најмногу проблеми со вработувањето стручен кадар во изминатите 12 месеци имало во секторот социјална работа. Таму има 20.578 непополнети работни места, што е нов рекорд, тврди IW. „Станува збор за професионална работна сила која недостига, на пример, во социјалната работа во училиштата, работата со млади луѓе, децата и во домовите за стари лица или во советувалиштата за зависници. Значи во сите оние области каде што е потребна човечка поддршка за да се реши социјален проблем“, пишуваат авторите на студијата Хелен Хикман и Филис Конеберг.

Целиот текст прочитајте го на Фактор.