„Повеќето деца се раѓаат здрави, но здравјето им го уништуваат родителите и докторите“: 14 совети на познатиот педијатар кои многумина изненадија

Евгениј Олеговиќ Комаровски е еден од најпознатите и најпризнати педијатари на територијата на поранешната СССР. Доктор е по медицински науки, телевизиски водител и автор на 15 книги за нега на децата. На мошне разбирлив начин излага драгоцени информации за здравјето и за воспитувањето на децата, поради што ужива почитување на многу родители. 

Oва се цитати на педијатарот д-р Комаровски кој со своите совети им помогнал на илјадници луѓе: 

 *100 отсто возрасни жители знаат како се прават деца, но 99,9 отсто не знаат како се создаваат луѓе 

 *Психичката благосостојба на мајката која се грижи за децата е најголемата задача за секој татко. Таткото е тој што ја има обврската да ги решава проблемите со роднините и со соседите. 

 *Среќно дете е, пред сѐ, дете кое е здраво, а дури потоа дете кое умее да чита и да свири виолина. 

 *Среќно дете е дете кое ги има мајката и таткото, кои сепак имаат време не само да го сакаат детето, туку да се сакаат еден со друг. 

 *Ниту голем број педијатри ниту добриот глас на педијатарот нема да ги реши здравствените проблеми на детето. Тоа не е возможно пред сѐ поради тоа што неговото здравје во далеку поголема мерка зависи од мајката и од таткото отколку од сите педијатари заедно. 

 *Детето на никого ништо не му должи. 

 *Кога ми доаѓаат родителите на болни деца, често ги советувам да набават пес. Затоа што песот е реална причина да ги натера родителите двапати дневно да ги изнесат надвор и детето и песот. 

 *Ако вашето дете цела година било настинато, ако не трчало, престој на село може да има подобар ефект врз неговото здравје од летување на море, па дури и ако е во хотел со пет ѕвездички.

 *Детето и треба да е такво, слабо и активно. 

 *Сигурен сум дека поголем број деца се раѓаат здрави, но здравјето им го нарушуваат… родителите и медицинските работници. 

 *Кога ќе се роди бебе, тоа е биолошко суштество исто како волк, маче… Затоа, основната задача во првата етапа од животот е да се држиме до биологијата за да можеме подоцна да преминеме на развојот на социологијата. 

 *Суштината и улогата на еднократните пелени се состои во следното: на детето пелените не му се потребни!Тие ѝ се потребни на мајката! 

 *Среќата и здравјето на семејството се најважни. Семејството треба да се однесува не во хармонија на интересите на детето, туку во хармонија со интересите на целото семејство. Јас не можам да замислам моето дете да добие чоколадо, а да не го сподели на четири дела. 

 *Што е најважно: ти не си центарот на вселената. Ние како семејство – тоа е центарот на вселената. Добрите луѓе, секогаш и кон сите се добри. Подели го сето добро: расположението, храната, работите. Не се жали.


фото: фрипик