Повеќето луѓе кои добиваат мозочен удар го имаат овој фактор ризик: Најчесто воопшто не е дијагностициран и нормално се живее со него, а е голема закана

Добивај вести на Viber

Мозочниот удар е трета водечка причина за смртност и број еден причина за инвалидитет во светот. Според некои податоци, Македонија има највисока стапка на морталитет од мозочен удар во Европа: 180 смртни случаи на 100.000 жители годишно.

Мозочниот удар обично се јавува како резултат на години и години на кумулативно оштетување на крвните садови, што всушност лесно се лекува доколку се открие навреме. Новото истражување покажа дека повеќето луѓе кои имале мозочен удар имале барем еден фактор на ризик кој не бил препознаен. Ова алармантно откритие покажа дека многу од оние кои доживеале исхемичен мозочен удар, без претходно дијагностицирани фактори на ризик, во повеќето случаи имале недијагностицирана болест или состојба.

Дислипидемијата како главен фактор на ризик

Неверојатни 67,7 проценти од луѓето кои имале мозочен удар без претходно дијагностицирани фактори на ризик имале барем еден главен фактор на ризик.

Најчестиот од идентификуваните фактори на ризик е дислипидемија, нерамнотежа на мастите во крвта, како што е покачен холестерол или покачени нивоа на триглицериди.

Ова откритие, кое беше претставено на Европската академија за неврологија, е резултат на анализа на здравствените податоци на 4.354 пациенти кои имале мозочен удар. Според податоците, 61,4 отсто од нив имале дислипидемија, додека 23,7 отсто од нив имале висок крвен притисок, а секој десетти од нив имал атријална фибрилација. Д-р Андре Рего рече дека ова откритие може да има силно влијание врз превенцијата од мозочен удар.

Нашите наоди ја истакнуваат важноста од скрининг и лекување на липидната нерамнотежа, како што се покачени нивоа на холестерол и триглицериди, откривање на покачен крвен притисок и идентификување и лекување на лица со атријална фибрилација и дијабетес тип 2. Се надеваме дека оваа студија ќе помогне да се идентификуваат лицата кои се изложени на висок ризик за мозочен удар и на кои им се потребни поинтензивни методи на превенција и контрола“, рече д-р Рего.

Како да избегнете мозочен удар

Храната богата со калиум, која вклучува компири и слатки компири, банани, домати, сливи, дињи и соја, се идеални за одржување на здрав крвен притисок, кој е главен фактор на ризик за мозочен удар.

За намалување на ризикот се препорачува и храна богата со магнезиум, вклучувајќи го и спанаќот. Би било пожелно да се консумираат 4 до 5 шолји овошје и зеленчук дневно, како и порција риба 3 пати неделно.

Сепак, имајте на ум дека не сите зеленчуци се идеални за превенција од мозочен удар. На пример, киселите краставички содржат голема количина сол и масло и треба да се избегнуваат. Имено, исхраната богата со сол и масти е фактор на ризик за мозочен удар бидејќи директно влијае на крвниот притисок. Солта е проблематична бидејќи предизвикува задржување на водата, што го зголемува притисокот врз ѕидовите на крвните садови. Високиот крвен притисок е најзначајниот фактор на ризик за мозочен удар кај жените и мажите, па затоа луѓето кои го имаат треба да внимаваат.

Други фактори на ризик вклучуваат пушење и прекумерно консумирање алкохол бидејќи и двете навики го намалуваат нивото на кислород во крвта. Обрнете внимание на фактот дека физичката активност е корисна кога станува збор за превенција од мозочен удар, па затоа е препорачливо во вашата рутина да вклучите најмалку 30 минути од некој вид вежбање дневно.