Повеќето Македонци посегнуваат по овој лек ако ги заболи нешто: Фармацевт ги открива честите грешки ,а ова е максималната доза
Татјана Шипетиќ,
магистер по фармација откри како се користи еден од најпознатите лекови
против болки - парацетамол.
Кога нешто не‘ боли, без разлика дали тоа е главата, стомакот или нешто друго, луѓето често имаат навика да посегнуваат по лекови против болки. Еден од најпознатите е парацетамол. За него зборувашеТатјана Шипетиќ, магистар по фармација на ТВ К1.
Како што истакна таа, овој лек често се користи за ублажување на болката, блага или умерена, како и за намалување на температурата. Се издава без рецепт и може да се набави по препорака на фармацевт.
„Она што е многу важно за парацетамолот е дека мора строго да се води сметка за начинот на дозирање, тоа значи дека може да се зема во најмногу четири дневни дози, а интервалот помеѓу две дози мора да биде четири часа или повеќе.
Исто така, ако престанат болките, не треба да ги пиете третата и четвртата доза“, советува Шипетиќ и додаде дека не треба да се зема подолго време доколку болката не престане. Токму тоа е сигналот дека треба да се консултирате со лекар. Како што напомена фармацевтот, парацетамолот ја има и својата максимална дозволена доза. Не смеете да го земате во количина поголема од четири грама, а доколку се надмине може да предизвика оштетување на црниот дроб.
Фото: Printscreen - K1