Позадината на несогласувањата меѓу Меган и Кејт: За што се скараа за првпат?

За нарушените односи на Меган Маркл и Кејт Мидлтон се пишуваше доста во последниве две години, а причините за несогласувањата само се погодуваат.

Во заедничките јавни појавувања, јатрвите само даваа впечаток дека се согласуваат, трудејќи се со насмевка да ги прикријат сите нивни расправии.

Растењето во различна околина, фамилии и на крај различните карактери доведоа до проблеми во нивниот однос.

Се чини дека тешкото прилагодување на Меган на новата традиција и живот во Велика Британија всушност се главната причина која додатно ја „вџештила“ атмосферата в очи на гламурозната венчавка пред една година.

Имено, се шпекулира дека Меган и Кејт навозно се расправале за стајлингот на маливе деверуши, кои традиционално се секогаш дека, меѓу кои и принцезата Шарлот. 

Меган за своите преслатки деверуши, поради топлото време, избра снежно бели фустанчиња со кратки ракави и мали панделки позади.

Кејт во тоа видела еден проблем, а тоа е носењето доколенки, кои Меган не ги замислила во својата приказна. Освен тоа, Кејт инсистирала девојчињата да бидат така облечени поради традицијата.

Наводно на денот на пробата на фустанчињата, Кејт се расплакала, поради одличноста на Меган. Јасно е дека нејзината цврста одлука на крај се виде во тоа што девојчињата на свадбата носеа фустанчиња, но без доколенки.

Ова е само дел од замерките на Кејт за Меган. Имено таа сега е лута и чувствува горчина поради фактот што Меган го оддалечи Хари од кралското семејство.