Познатата актерка е омажена за италијански гроф, но поради овие слики од Венеција горат социјалните мрежи: Погледнете, па кажете дека не се „заедно“

Сите зујат за актерската двојка и енергијата што ја покажаа на Филмскиот фестивал во Венеција, поради што многумина веруваат дека нешто многу повеќе се случува меѓу нив.

Џесика Честејн (44) и Оскар Исак (42) се препознатливи за публиката како брачен пар во серијата „Сцени од брачниот живот“.


Иако и двајцата се во среќни бракови во приватниот живот, сѐ повеќе се шпекулира дека искри светат меѓу Џесика и Оскар надвор од сетот.

View this post on Instagram

A post shared by cinemaadore (@cinemaadore)



Тие гласини дополнително беа зајакнати со нивниот изглед во Венеција, кога навистина се однесуваа како двојка од реалниот живот, а не од екранот.

Нивните фотографии од овој настан ги преплавија социјалните мрежи и сите го поставуваат истото прашање - дали е можно меѓу нив да нема ништо друго освен добра актерска хемија?


Многумина всушност беа изненадени од фактот дека тие двајца не се двојка - енергијата што ја зрачат е толку силна.


Џесика е во брак од 2017 година со италијанскиот гроф Џан Лук Паси де Препосуло (39), со кого има две деца. Оскар исто така е во брак од 2017 година со сценарист од Данска, Елвира Линд, со која има син.


Foto: Instagram/

#jessicachastain