Познатата манекенка ја викаат „мајката монструм“: Таа тврди дека ќерка ѝ е грда и ја тера да влезе во реалити шоу!

Поранешната манекенка, а денес инфлуенсерка и модел на „OnlyFans“ Карла Белучи е позната по апсурдни изјави и бизарни ставови, па ја шокираше јавноста во неколку наврати со нејзините бројни испади ... На пример - во 2019 година призна дека лажирала депресија за да биде ослободена од британските национални здравствени услуги и да добие бесплатна пластична операција на носот.

Секако, ова е само почеток на нејзините ексцентрични јавни настапи, таа исто така ја запрепасти јавноста со начинот на кој ги едуцира своите деца - ги охрабрува да бидат инфлуенсери или актери и да создаваат содржина за социјалните мрежи и ги советува да се откажат од образованието и читањето книги.

Таа дури и јавно и кажа на својата 16-годишна ќерка Таниша дека е грда и дека треба што побрзо да започне со пластични операции со цел да отвори повеќе врати во нејзиниот живот.


„Tаа мора да работи на својот изглед за да изгледа совршено, бидејќи грдите луѓе не одат никаде“, изјави мртва ладна за магазинот „Closer“.

Неодамна таа дури потенцираше дека повеќе би сакала нејзината ќерка тинејџерка да стане реалити ѕвезда, наместо да размислува за запишување на правни науки.

Поради ваквите изјави, таа го заработи и епитетот „мајка чудовиште“, иако самата тврди дека е одличен родител и дека луѓето се само љубоморни. Во секој случај, таа сега повторно крена прашина со својот нов план – раѓањето на нејзиното 4 дете ќе го пренесува во живо, а секој што сака да го гледа тоа ќе мора да плати 10.000 фунти!

Карла, која моментално го чека своето четврто дете, ќе го пренесе породувањето на својот акаунт на „OnlyFans“, а идејата ја добила од следбеник кој ја замолил тоа да го стори сама.

„Еден од моите единствени фанови ми понуди 10.000 фунти за да го пренесувам мојот пораѓај во живо - и знаете што, зошто да не? Мислам, луѓето ги покажуваат своите породувања на ТВ-шоуто „ One Born Every Minute“, и не ја гледам разликата. Сигурна сум дека дури тие не се платени за тоа“, изјави 39-годишната Англичанка за „Мирор“.

„Знам дека луѓето ќе полудат, но јас сум деловна жена и мора да заработам пари“, додаде таа.

Г-ѓа Белучи, исто така, истакна дека нејзините приходи од содржината на „OnlyFans“ се далеку поголеми сега кога е бремена и додаде дека е шокирана од пораките во кои се бара да им го продаде своетомајчино млеко во иднина.

„Толку многу мажи имаат фетиш за бремени жени. Заработив повеќе од 3.000 фунти на ден кога излегоа вестите за мојата бременост. Мажите сакаат да го видат мојот стомак и се возбудени од тоа", вели овој контроверзен инфлуенсер.


Таа додаде дека ќе се обиде да го заштити бебето од преголема изложеност, но дека со задоволство ќе продава фотографии од своето новороденче во списание за 15.000 фунти.


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Претажно: Мајката и синот на заеднички некролог: Убиецот татко и сопруг