Претажно: Мајката и синот на заеднички некролог: Убиецот татко и сопруг

Комеморацијата за трагично загинатите Маја Ѓорѓевиќ и нејзиниот четиригодишен син Михаило, ги уби поранешниот сопруг на Маја, Марко Николиќ, се одржa на гробиштата во Орловача, Србија. Ова е една тажна приказна и нокогаш да не се повтори.

За мајката и синот беше објавен заеднички некролог.

Да потсетиме, Марко Николиќ го донесе својот син Михаило на гробишта, каде прво го натера да пие голема количина на седативи, а потоа почна да го дави. После тоа, тој го возел полусвесното дете до социјалната служба во Раковица, каде ги чекале неговата поранешна сопруга и мајка на детето.

Таа видела дека нешто не е во ред со Михаил, па се обидела да го грабне детето од прегратките на Марко. Тогаш таткото-монструм со сите сили го треснал детето на подот, извадил нож и ја избодел Маја околу 50 пати во вратот. Убиецот повреди и три лица кои се обиделе да и помогнат на несреќната жена, а тој бил совладан од полицајците од комуналната служба, кои случајно биле таму во тоа време.

Извор: Политика експрес