Познатиот актер тајно се ожени со 38 години помладата Ема: Поради огромната разлика во години добиваат ужасни коментари

Долф Лундгрен (63), ѕвездата на акциони филмови од 80-тите, го шокираше светот пред неколку месеци кога се вери со својата 38 години помлада девојка - фитнес инструкторката Ема Крокдал (25).

Но, се чини дека на овој пар воопшто не им пречи разликата во годините, тие се практично неразделни, па неодамна беа фотографирани како заедно излегуваат од салата во Лос Анџелес.

Младата Ема го привлече вниманието во тесни црвени шорцеви кои ги истакнаа нејзините извајани, затегнати нозе, но и Долф е во одлична форма, иако веќе е во седмата деценија. Лицето на овој русокос актер сепак покажува дека е далеку постар од својата партнерка...

Исто така, се шпекулира дека Лундгрен веќе тајно се оженил за убавата Норвежанка, имајќи предвид дека е забележано дека таа носи прстен на левата рака. Сепак, нема официјална потврда за тоа.

Да потсетиме, славниот 63-годишник минатиот јули сподели фотографија на својот Инстаграм, на која ја гушка оваа млада дама, а таа ја покажува раката со прстенот и срамежливо се насмевнува. „Нешто многу посебно се случи овде во Шведска“, напиша тој тогаш.


Затоа на нивните заеднички фотографии редовно може да се прочитаат остри коментари и бројни навреди. "Може да биде твоја ќерка, дури и внука", "Дали е ова твојата ќерка, не разбирам?", "Разликата во годините е премногу голема. Страшно", "Твојата свршеница е прекрасна, но таа е уште дете" коментираат следбениците на Долф.

View this post on Instagram

A post shared by Dolph Lundgren (@dolphlundgren)


Неговата објава предизвика бурни реакции - јавноста замери на огромната разлика во годините на Лундгрен, но и на фактот дека убавата Ема неодоливо личи на неговата постара ќерка Ида.

*Свршеницата и ќерката на Долф - Ема лево и Ида десно

Патем, ова е трет брак на актерот, а со дизајнерката на накит Анер Квиберг, тој има две ќерки - Ида и Грета, на кои Ема им е близу по години.

извор:zena.blic.rs