Практични и лесни за одржување: Три безвременски фризури на Лепа Брена кои на сите им стојат убаво
Лепа Брена, најголемата балканска ѕвезда, е и кралица на трансформациите. Нема која фризура не ја испробала - а ние издвоивме три кои добро им стојат на повеќето жени.
Пејачката низ годините докажа дека сè и одговара и дека може да носи сосема различни фризури.
Експериментирањето со косата е единствениот начин да откриете што навистина ви одговара. Кога ќе ја пронајдете вашата идеална фризура, секогаш можете да ја освежите со мала промена.
Убавата Брена секогаш има добри фризури, а ние издвоивме три многу убави и практични.
Боб со шишки
Шишките во моментов се најпопуларни и се лесен начин да го трансформирате вашиот изглед. Убавата Брена ги носи со елегантен боб.
Предноста на оваа фризура е што е лесна за одржување - одвреме-навреме можете да ја сушите со фен, но и без тоа ќе изгледа одлично.
Брановиден боб
Оваа должина на коса ќе ви го отвори лицето и ќе ви донесе нов шарм. Лепа Брена често го носи, а луксузен волумен добива со фенирање.
Ако имате густа коса, лесно ќе ја направите оваа фризура - иако може да изгледа добро и за жени со потенка коса.
Елегантен лоб
Наједноставната фризура понекогаш е и најубава. Лоб значи должина до рамената, а најпогоден е за права коса.
Исто така, оваа фризура дефинитивно е најлесна за одржување, бидејќи за добар изглед на косата нема да ви треба ниту фен.
извор:zadovoljna.nova.rs