Пред да станам цунами, се појави сопругот Мачка: Тамара одржа фантастичен концерт во Охрид и раскажа многу лични приказни
Со многу емоции и
енергија кои несебично ги даде на сцената во Охрид, Тамара Тодевска го одржа
својот прв концерт во Античкиот театар и со тоа си го оствари детскиот сон.
-Го сакам ова место, од дете сонувам да пеам овде“, откри Тамара на почетокот. Уште многу нејзини лични приказни следеа помеѓу песните. „Немирна“ ја инспирираше да раскаже една од нив.
-Кога бев мала, бев многу немирна. Прво бев развигорче, па ветер, па кога бев тинејџерка бев бура, и пред да станам цунами... Се појави Мачка- дофрли некој од пријателите од публиката, мислејќи на нејзиниот сопруг Александар Димитровски. „Се појави Мачка. Мачка се прави ѕвезда, го окупира купатилото, две деца вриштат дома, јас си редам евергрини. Јас сум многу среќна“, рече Тамара низ насмевка и порача дека на овој концерт треба да славиме по сето ова што ни се случуваше во изминатиов период, мислејќи на пандемијата.
Нејзините деца, Хана и Дарен храбро го следеа концертот речиси до крајот. Хана им ги стопи срцата на блиските кои седеа до неа во вториот ред. Талентираната пејачка Лара успешно го отвори концертот, и кога ја најави Тамара по неа, Хана извика: Тоа е мајка ми! Дарен пак, седејќи со својот татко, постојано ја довикуваше мама.
Од Белград, допатува сестра ѝ Тијана Дапчевиќ со својот син Вук, кој е најголем фан на својата тетка- ги знае речиси сите песни напемат. Помалата ќерка, на сцената гордо ја следеше татко ѝ, професорот Велко Тодевски, а Тамара му ја посвети омилената песна „Тешко без тебе“.
*Тијана дојде од Белград за концертот на сестра си.- со татко ѝ Велко Тодевски , Катарина Ивановска и Перо Антиќ зад нивМоќната изведба на оваа песна предизвица вресоци, но со посебни емоции Тамара ја испеа “Гушни ме“, која во 2015 година ја пееше во дует со Влатко Илиевски. Со насолзени очи, таа рече дека нејзиниот другар Влатче сега сигурно ја гледа од горе и пее со неа.
Имаше и весели моменти, со повод за честитање. Тамара раскажа дека роденден слави нејзиниот пријател, кошаркарот Перо Антиќ, претседателот на КФМ. Антиќ на концертот дојде во друштво со една од најблиските другарки на Тамара, моделот Катарина Ивановска и заедно со Тијана беа дел од највеселите гости на концертот.
-Целиот живот ќе си плаќам поради онаа моја грешка. Но, се надевам дека со моите песни и со мојата музика ќе ми простите. Сепак, мојата тажна приказна има среќен крај“, рече Тамара пред да ја најави „Тажна љубов, среќна песна“. На концертот, беше и нејзиниот автор, и авторот на многу хитови на Тамара, Роберт Билбилов.
Привилегија беше да се слуша евровизиската „Proud“, која поп-ѕвездата ја испеа со истата сила и љубов како пред две години во Израел. Тамара изгледаше одлично во двете креации, ни подари повеќе од два часа уживање и покажа дека е подготвена за уште многу вакви концерти. Првиот од нив ќе биде на Хераклеа во Битола, на 1 август.
Милица Џаровска