Пред огледало со Аида Зибери: Надворешната убавина не е пресуден, но е важен фактор за привлекување внимание на старт
Аида Зибери ни е позната од Тв екраните. Таа е убава негувана дама, која води емисија на МРТ2.
Мајка е, и сопруга, а за Женски магазин, ги открива нејзините ритуали за убавина. За себе вели дека е амбициозна, а козметички салони посетува многу ретко.
* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?
-Душевната состојба знае да рефлектира во надворешниот изглед и убавината на една жена претставена од душевната состојба која ја има, како и да е од професијата што ја имам потребно е да се грижам за мојата кожа и посебно за лицето знаејки дека сум дел од екранот и често треба да сум нашминкана. Во ова прилика мојот ден почнува со хидририрање на лицето со кремата која ја користам долго време Origins Ginzing, после тоа прајмерот од Мac и нормално шминка од различни брендови.
* Со какви препарати го негувате лицето?
- Иако моето лице е цело време со шминка, не посветувам некое посебно внимание, користам дневна и ноќна хидративна крема од марката Origins Ginzing и некогаш во посебна прилика за да го исчистам длабоко лицето ги користам камењата Poldora кои ја регенерираат кожата и ги отстрануваат мртвите клетки.
*Посетувате ли козметички салони?
- Немам доволно време за да посетаувм често козметички салони и да имам посебна нега кон кожата. Во случај на потреба се случува да посетувам, но не така често.
*Кои производи ги употребувате за нега на коса?
-Косата можам слободно да кажам дека ми е како слаба точка. Пред неколку години имав многу здрава долга коса, но со тек на времето доста ми се оштети така што сето ова време се трудам да ги користам најпознатите брендови како Kerastase, Olaplex, wella итн, само да ја повратам повторно како што ми била, но тешко е бидејки често ја пеглам и ја фенирам и поради тоа ми е оштетена.
*Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?
-За среќа немам проблем со кожата за да скријам нешто преку шминката, можам да кажам дека имам желба да ги истакнам трепавиците, вегите и усните. Мислам дека ако сите овие нешта ги имаш истакнато нема потреба од поголема шминка.
*Кои се Вашите омилени козметички производи?
-Ми се допаѓаат производите кои ја освежуваат кожата и ѝ даваат еластичност. Се трудам најмалку барем кога сум на одмор да ја одржам повеќе користејќи серуми, витамин ц и спф.
*Што носите секогаш во Вашиот несесер?
-Во мојот несесер секој ден и секое време го имам сјајот за усни FentiBeauty со кој што многу сум задоволна, молив за истакнување на усни како и concealer додека во деновите кога имам емисија тука е и пудрата и некои други додатоци.
* Омилен парфем?
-Не можам да кажам дека сум многу страствена кон парфемите. Скоро секој парфем кој го користам е подарок од мојот сопруг. Во последно време го користам XRJOF и Prada, кои имаат различен мирис, но се чувствува многу пријатен мирис кај и да се движам.
*Како ја одржувате линијата?
-Немам некој посебен режим со кој ја одржувам линија на телото, доволно е тоа што ми го овозможува динамичниот живот што го имам како на работа така и дома со децата.
* Како би се опишале себе си? Што е она
што Ве движи напред?
-Отсекогаш сум била амбициозна во постигнувања на своите однапред поставени цели и колку толку сум успеала во своите намери конкретно кога се работи за мојата професија како водителка, професија која отсекогаш сум ја сонувала како дете. Дури од најраните години од животот почнав да се занимавам со својата професија која и ден денеска ја работам со голема страст.
* Дали надворешната убавина е пресудна
за оставење на прв впечаток?
-Надворешната убавина иако не е пресуден фактор во добивање на нели прв впечаток, сепак таа е доста битен чинител и фактор за да го привлече вниманието на старт.
* На која дама ѝ се восхитувате и зошто?
- Има повеќе личности од јавниот живот но сепак јас би се определила за една од најактрактивните феминистки од Албанија, Грида Дума која е доста позната и во албанската политичка сцена.
* Каква треба да е современата жена?
- Современата жена треба да е пред сѐ вклучена во сите процеси на современиот свет, да е во тренд со времето, спремна на сите предизвици како во одредена своја професионална дејност така и во организирање на животот и фамилјарни предизвици и обврски.
*Ирена Ставрова