Пред огледало со Ирена Спировска: Уште не размислувам за ботокс
Поранешна Мис, позната водителка и новинарка, Ирена Спировска е една од оние жени за кои велиме дека времето како да застанало. Позната е по тоа што е секогаш елегантна и средена, по добрата дикција и по литературниот јазик кој го негува на јавните настапи. Од пред неколку месеци, Ирена е маркетинг директор на АЛФА ТВ. За Женски магазин, таа ги отркива своите ритуали за убавина.
* Kаков е Вашиот дневен козметички ритуал?
- Редовната и правилна нега на лицето е неопходна за здрава и убава кожа.Секое утро на лицето нанесувам хидрантен крем,а околу очите задолжително ставам антирид крем.Преку ден избегнувам шминка и користам само маскара,моливче за веѓи и балзам или сјај за усни.За вечерни излегувања предпочитам лесна и ненаметлива шминка наспроти тешката шминка што е практично задолжителна за во тв студио или за професионалните јавни настапи.Тогаш им ја доверувам шминката на професионални стилисти.Навечер лицето го чистам со мицеларна вода и нанесувам хранлива ноќна крема за регенерација.
* Со какви препарати го негувате лицето?
- Jас сум од оние кои на прво место ја ставаат природната нега на лицето и природните препарати,па така веќе со години ги користам производите на LOGONA органска козметика која обезбедува идеална нега за кожата исклучиво на природна база.Во зимскиот период омилена ми е кремата од авокадо,а во летниот период кремот со алое вера.Омилен производ ми е Age protection хидролипидниот баланс кој го користам преку целата година. За нега на телото.За нега на телото омилен ми е био лосионот од ананас и цитрон на SANTE,а ја користам и декоративната козметика на SANTE затоа што е природна и има одлична палета на шминки.
* Посетувате ли козметички салони?
- Основните козметички третмани веќе две децении ги правам во центарот за убавина АФРОДИТА С,а после четириесетата еднаш годишно правам и третмани за затегање на тонусот на мускулите на лицето и стимулација за природно производство на колаген на кожата.Засега мислам дека тоа е сосема доволно. Уште не размислувам за ботокс,филери и други интервенции за подмладување и разубавување.Мислам дека треба што подолго да ја задржиме и заштитиме природната убавина.
* Кои производи ги употребувате за нега на коса?
- Имам среќа што косата ми е кадрава, па е прилично лесна за одржување.Ги користам органските шампони од ЛОГОНА од кои омилен ми е шампонот со мед и пиво за волумен на косата,а за потшишување,бојадисување и професионална нега на косата повеќе од дваесет години е задолжен тимот на фризерското студио САШО и МИКИ ЕКСКЛУЗИВ
* Омилен парфем?
- Кога се парфемите во прашање имам неколку омилени кои ги користам во зависност од расположението,пригодата,но и актуелниот период од годината. Во лето сакам лесни и свежи мирисни ноти,а преку зима сакам малку "потешки" парфеми . Меѓу омилените ми се парфемите CHLOE,GUCCI,BURBERRY...
* Што носите секогаш во Вашиот несесер?
- Во несесерот секогаш носам парфем,сјај за усни,маскара, моливче за очи и крем за раце.
* Како ја одржувате линијата?
- Бидејќи сум вљубеник во планините и практикувам планинарење преку целата година немам проблем со одржување на линијата.Кога одите на планина трошите калории,ја зацврстувате мускулатурата,ја подобрувате кондицијата,дишете чист воздух и уживате во природните убавини и пејсажи.Освен тоа престојот на чист воздух богат со кислород ја освежува и подмладува кожата така што најтопло им го препорачувам планинарењето како активност на сите кои сакаат да бидат здрави и убави.
Милица Џаровска