Пред огледало со Каљтрина: Правам ласерски третман за отстранување на влакна на цело тело
Професорката по солфеж и диригирање во средното музичко училиште „Илија Николовски - Луј“ и мејкап артист, Каљтрина Круезиу Балаш, пред огледалото на Женски Магазин ги раскажа своите ритуали за убавина.
* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?
- Првиот утрински ритуал ми е миење заби и чистење на лицето со тоник кој го користам со години наназад. Тоа е лосионот „P50“ од „Biologique Recherche“. Скоро секој ден се шминкам, после туширање секогаш користам млеко за тело, крема за раце и обавезно нанесувам парфем. Навечер го чистам лицето со влажни марамици, со мицеларна вода и со лосион, потоа нанесувам серум, ноќна крема и крема за околу очи. Често и пред спиење ставам парфем, така да имам доста ритуали во текот на денот.
* Со какви препарати го негувате лицето?
- Користам неколку различни козметички линии најизменично, пошто имам многу кои ми се омилени. „Dior“, „Guerlain“ и „Estee Lauder“ ми се едни од најомилените производи, и од декоративната козметика како и од негата на лице и тело.
* Посетувате ли козметички салони?
- Посетувам многу често и покрај тоа што користам доста квалитетна козметика. Ласерските третмани за затегнување на кожа и подмладување, хемиски пилинзи и ботокс третманите, ги правам во ординација „Др.Анчевски“. Покрај тие третмани, правам и ласерски третман за отстранување на влакна на цело тело, бидејќи кај „Др.Анчевски“ го имаат најдобриот и најновиот апарат за ласерска епилација. Тие се докажани во сферата на дерматологијата и затоа имам верба во нивниот тим на стручни лекари.
* Кои производи ги употребувате за нега на коса?
- Дома ретко ја третирам косата, односно не ја мијам сама пошто имам надградба која не е лесна за оддржување. Бара многу нега особено дека е плава, затоа посетувам многу фризерски салони. Омилен третман за коса ми е „MYTHIC OIL L'ORÉAL“ со наномолекуларна технологија. Тоа е најнов и хит третман кој го прават во фризерското студио „Диор“, каде што и имам ставено надградба затоа што се најпознати и први во Македонија кои работат со надградба на коса.
* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?
- Имам чисто лице, не дека имам нешто да прикријам, едноставно шминка користам затоа што обожавам тоа да го правам. Тоа мене ми е професија и пасија од дете, затоа скоро секогаш сум нашминкана. Пре би рекла дека ја користам за да ги истакнам очите, контурите на лицето и да се чувствувам преубаво во своја кожа. Многу нормално е секоја жена да се чувствува помоќна кога е нашминкана и средена, затоа што луѓето и околината, различно те перцепираат.
* Кои се Вашите омилени козметички производи?
- Не знам дали би можела да издвојам, бидејќи списокот би бил предолг. Јас сум зависник од козметички производи. Најмногу значење придавам и една од основните состојки за добра шмика е изборот на течна пудра. Тоа ми е како база на целокупниот изглед на лицето. Ја користам „Estee Lauder double wear maximum cover“ пудрата која ми е незаменлива. Исто така сакам и убави трепки, тие го прават финишот на секоја шминка.
* Што носите секогаш во Вашиот несесер?
- Од декоративна козметика секогаш во ташна носам кармин и камена пудра за да ја фиксирам и коригирам шминката. Во суштина не носам несесер, затоа што немам потреба да носам шминки, мојата шминка издржува до 12 часа без проблем.
* Омилен парфем?
- Морам да признаам дека сум опседната со парфеми. Имам огромна страст и големо познавање од парфеми. Омилени ми се парфемите на италијанскиот бренд „Tiziana Terenzi“ со кои соработувам една година. Имам неколку омилени, но ако морам да издвојам, тоа би било „Spirito Fiorentino“ кој што дефинитивно е парфем кој ствара зависност и не остава никого рамнодушен.
* Како ја одржувате линијата?
- Вежбам редовно фитнес 4 пати во неделата и внимавам многу на начинот на исхрана. Е сега ова не важи за последните месеци додека бевме во карантин, но после години вежбање, стекнав добар метаболизам и можам да си дозволам да јадам што сакам.
Д.Караташова