Пред огледало со Марија Илковска: Чистење на лице – рутина која никогаш не ја прескокнувам
Марија Илковска е една прекрасна млада дама, советник за маркетинг во СН Осигурителен брокер- АД Битола, која за Женски Магазин ги раскажа своите риутали за убавина.
*Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?
-„Life isn’t perfect but your skin can be!“. Утрото ми започнува со миење на лицето, а потоа нанесувам дневна крема и серум на пределот околу очите. „Skin first, makeup second and smile ALWAYS!“ – по нанесувањето на кремите, нанесувам шминка, за на работа преферирам природен изглед кој се состои од течна пудра, камена пудра, моливи за очи, маскара, руменило, лабело, молив за уста и кармин, а додека пак за вечерни излегувања преферирам појака шминка. Навечер шминката ја отстранувам прво со влажни марамчиња, мицеларна вода, а потоа нанесувам ноќна крема.
*Со какви препарати го негувате лицето?
- Ја користам колекцијата на „Eucerin Q10 Active“ која се состои од дневна, ноќна крема и крема за пределот околу очите. Правам пилинг и користам маски за лице бидејќи се главен елемент од рутинската нега на кожата. Кога има повеќе време го користам за да направам домашен пилинг и маска, главната состојка е медот. Медот е состојка која сите ја имаме во нашите домови и помага за да се постигне убав резултат на лицето.
*Посетувате ли козметички салони?
- Посетувам козметички салон и тоа не само за третман на лице, одам и за обликување на веѓи, маникир, педикир и масажа на тело.
*Кои производи ги употребувате за нега на коса?
- Секое годишно време си има свои правила за нега на косата, па така во зависност од годишното време ги правам соодветните третмани. Користам медицински шампони, лосион и маскa.
*Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?
- Најчесто пробувам да ги прикријам подочниците, а сакам да ги истакнувам усните и јаболкниците.
*Кои се Вашите омилени козметички производи?
- Зависник сум од млеко и масло за тело, често купувам сетови со парфем, лосион за тело и гел за туширање. Кармини на „MAC“и „Kylie Jenner“, сенки за очи од„MAC“и „Dior“, течна и камена пудра од „Max Factor“, маскараи руменило.
*Што носите секогаш во Вашиот несесер?
- Мојот несесер никогаш не е преполн, ги носам најпотребните работи, кармин или сјај за усни, камена пудра, руменило и крем за раце.
*Кој е Вашиот омилен парфем?
- Обожавам парфеми и за нив не ги жалам парите. Моментално го користам „Olympea Legend“на „Paco Rabanne“. Омилени ми се „Black Orchid“на „Tom Ford“, „Sheer Beauty“ на„Calvin Klein“, „Emporio Armani She“на „Giorgio Armani“и „Sweet like candy“на „Ariana Grande“.
*Како ја одржувате линијата?
- Се обидувам колку што можам повеќе да се хранам здраво, вежбам во теретана, сакам да пешачам и да играм тенис.
Д.Караташова