Пред огледало со Мелина Милески: Баланост во исхраната, третманите и вежбањето ми носи неверојатен резултат

Добивај вести на Viber

Мелина Милески е сопственичка на салоните за убавина „Силуете“ веќе 31 година. Од самиот тој факт е јасно дека е негувана дама која покрај обврските со 5 деца наоѓа време да се погрижи и за себе. Денес Мелина за Женски магазин ги откри нејзините ритуали за убавина и како ја одржува линијата.

* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?

Имам многу обврски како и секоја жена, приватно со 5 деца и на работа. Во последните години дневниот третман практикувам да се состои од користење на квалитетни креми во зависност од моменталната состојба на моето лице.
Јас имам сува кожа па затоа и треба малку повеќе нега. Дневна и ноќна крема во комбинација со серум се мојата основна нега.



*  Со какви препарати го негувате лицето?
Лицето го негувам со различни препарати . Последнава година го негувам со BEAUTY BAKERY корејска козметика која што ја имаме во нашиот салон. Исто така Biologique Recherche, LA MER, CHRISTIAN DIOR итн...
Од секој пат кога сум одела на патувања ми биле слабост катчињата во продавниците со козметички препарати да пробувам најразлични креми и серуми. Она што го нудиме во нашиот салон е секогаш испробано од мене затоа што вашето задоволство е наша цел.

* Посетувате ли козметички салони?
Да, редовно. Веќе 31 година како што работи нашиот салон Силуете, третманите за тонус на кожа и стимулација на мускул редовно ги користам. Во зависност од периодот, кога сакам да намалам килажа знам да вклучам и некој третман плус од третманите за топење на масни наслаги. Но, она што секогаш го практикувам е работењето на мускулот, при работа на мускулот и тонусот на мускулатурата се зацврстува, кожата станува по компактна и се подмладуваме.
Она што највеќе го користам е EMSCULPT TESLA, тоа е третман со електромагнетна терапија нов на пазарот за естетиката на телото.
Заменува 20.000 контракции на мускул. Одличен е. За топење и намалување ја користам кавитацијата, криолизата и сите останати третмани кој што се забележува разлика уште од првиот третман.




* Кои производи ги употребувате за нега на коса?
За нега на коса она што мене ме спаси барајќи постојсно термин за фенирање на косата особено во овие топли денови направив бразилски третман.
Овој третман ја доведува косата од немирни бранови до перфектно права, и влијае на решавање на проблемот со оштетена коса. Јас имам ситно виткана коса од корен, за мене бразилскиот третман е спас кој што го правам на 6 месеци. Попатно правам и други третмани како што е ботокс третман кој што е за сува коса и нано третманот.
* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?
Со текот на годините, кога имате многу обврски јас најдов начин да изгледам постојано средено. Особено ми значи јапонската метода на веѓи која што ја направив. Веѓите се постојано убави и средени. Порано кога сум била по слободна во тинејџерските години сум имала време да се посветам и малку повеќе, за разлика од сега кога сум мајка на 5 деца избалансирав со јапонската метода, трајната шминка на  уста, свилени треки и нешто минимално плус.



* Кои се Вашите омилени козметички производи?
Немам некои конкретни омилени козметички производи. Кармините на MAC ги сакам многу. Имам две омилени нијанси, едната е црвена мат а другата е прилично нежна нијанса.
* Што носите секогаш во Вашиот несесер?
Дефинитивно сјсј за уста или некој нежен кармин.
* Омилен парфем?
BYREDO




* Како ја одржувате линијата?
Од моето искуство и долгогодишно работење со клиенти имам најдено баланс во исхраната, третманите и вежбањето. Во мојата книга го имам потенцирано токму ова тројно дејство за неверојатен резултат. Практикувам утрото да ми започне со тренинг. Во здраво тело, здрав дух. Онаа рутина што јас ја имам ја надополнувам со EMSCULPT , ЕНДОСФЕРА, Micro vibe...  Низ годините сум запознала многу жени дел од вас ги читам и во Женски магазин се жени што се истакнати во својата област и што нашле баланс помеѓу обврските и грижата за себе која што е особено важно да се одвои време.


Ирена Ставрова