Со шминка сакам да ги истакнам очите и усните: Пред огледало со Стојне Николова

Добивај вести на Viber

Младата и успешна фолк пејачка, Стојне Николова е дама која внимава на својот изглед и е секогаш стокмена.

Таа во своите песни го негува македонскиот мелос, пее повеќе народни песни и ужива во тоа што го прави. Прв пат на сцената застанала кога имала само 16 години и од тогаш постојано работи на својата кариера. 

Стојне е препознатлива бринета со долга коса, а за читателите на Женски магазин откри како ја негува косата и кои се нејзините други ритуали за убавина.


* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?

- Наутро лицето го мијам со гел и вода потоа преминувам на тонирање и хидратација и на крај ставам спф крема... а навечер после двојното чистење и еднаш неделно микроексфолијација, го тонирам лицето па насеувам серум и крема.

* Со какви препарати го негувате лицето?

- Со органски козметика. 

* Посетувате ли козметички салони?

-  Да... еднаш месечно или еднаш на два месеци за чистење на лицето, маникир, педикир, а фризер секако многу почесто.

* Кои производи ги употребувате за нега на коса?

- Во моментот имам производи од Kerastase ....но често менувам. 

* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?

- Секогаш сакам да ги истакнам очите, усните ... а и да прикријам некои несовршености на кожата.

* Кои се Вашите омилени козметички производи?

- Кармин и руменило. 

* Што носите секогаш во Вашиот несесер?

- Кармин и моливче за усни.

* Омилен парфем? 

- Имам повеќе, но еве го издвојувам Good girl od Carolina Herrera.

* Како ја одржувате линијата?

-  Јадам избалансирана и здрава храна и вежбам 3-4 неделно.

Во нејзиното прво интервју за нашиот портал, откри како влијаела корона-кризата врз неа, која е нејзина омилена песна и други интересни детали за нејзиниот живот.


Наталија М.