Пред огледало со Викторија Петровска: Масажите за релаксација се и повеќе од потребни и воопшто не се луксуз

Добивај вести на Viber

Таа е амбициозна млада дама и авторка и водител на емисијата „Од своја страна“. Викторија Петровска е и новинар во телевизијата „Сонце“, но и модератор. 

Оваа дама е доста активна на социјалните мрежи и постојано објавува интересни фотографии на нејзините профили на кои е секогаш стокмена од глава до пети, и е  секогаш на висина на задачата, доколку е на снимање или пак е дел од некој настан. 

Исто така Петровска важи за личност која внимава на својот изглед, а во оваа прилика  за Женски магазин ги открива своите ритуали за убавина, истакнувајќи дека не е страстен љубител на шминка и дека повеќе преферира природен изглед.


* Каков е вашиот дневен козметички ритуал?

- Морам да признаам дека имам едноставен дневен козметички ритуал кој најчесто зависи од моите работни ангажмани за тековниот ден. Доколку не сум на снимања за мојата авторска емисија ,,Од своја страна’’ која се емитува на Телевизија Сонце обично денот ми започнува со миење на лицето и нанесување или полесна пудра или ББ крема, придружено со маскара и задолжително кафено моливче за усни и сјај. Во спротивно, кога сум ангажирана работно професионалната шминка години наназад ми е во рацете на Самра Имери, девојката која мислам дека ми го знае напамет лицето. 

* Со какви препарати го негувате лицето?

- Имам или среќа или најверојатно генетиката замешала прсти па досега не сум се соочила со проблеми со лицето. Ниту во пубертет, ниту сега. Па тој дел со акните ќе го прескокнам.

Рутината за нега и хидратација на лицето ја одржувам со производите од линијата NovAge Ecollagen Wrinkle Power од Oriflame.

* Посетувате ли козметички салони?

- Со мојата работа почесто сум на некој начин  ‘’изложена’’ на потешка шминка, па знам да си се почастам со третмани за хидратација на лицето. Нормално, тука се и масажите за релаксација кои се и повеќе од потребни и воопшто не се луксуз.

И да, маникир и педикир. Сметам дека и сè да ти е средено, ако ноктите не се, ништо. 

* Кои производи ги употребувате за нега на коса?

Како изминуваат годините некако и желбата за експериментирање со мојата коса како да ми се намали. Од менување на бои и прамени секој месец, години наназад мислам дека ја пронајдов конечно совршената должина и останав на мојата природна  темнокафена боја.  Негата на коса ми е доста важна, сметам дека косата пред сè треба да биде здрава и цврста.

Редновно потстрижување, соодветен шампон кој одговара на мојата коса и задолжително регенератор.

За сите други процедури и промени е задолжена мојата фризерка. 

* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?

* Искрено, не сум страстен љубител на шминка. Повеќе преферирам природен изглед, но знам и сакам некогаш да бидам професионално нашминкана. Немам никаков комплекс и без шминка да излезам од дома и да отидам на работа. Црвениот кармин го обожавам и би го носела буквално за секоја пригода. Ми дава чувство на самодоверба, моќност и женственост.

Секогаш сум за истакнување на очите. Убавината на женските очи е огледало на душата!

* Кои се Вашите омилени козметички производи?

- Дефинитивно пилинзите за тело, кремите и путерот за тело од линијата на Ziaja. Ги обожавам и секогаш ги имам дома. Покрај нив, тука е и црвениот кармин од линијата на Max Factor, маскарата од Maybelline и нормално омиленото сјајче за усни од Golden Rose. 

* Што носите секогаш во Вашиот несесер?

- Кафеното моливче за усни, сјајот за усни, маскарата и парфемот ми се секогаш во несесер.

Крема за раце – задолжитено!

* Омилен парфем?

- „Today Tomorrow Always“ – од Avon, години наназад, автентичен, впечатлив и баш како за мене.

Ретко менувам парфеми. Сакам да сум препознатлива и да оставам трага!

А токму нотата на ова мало шишенце кое симболизира чистота, вечна љубов и свежина ми го дава тоа чувство. 

* Како ја одржувате линијата?

- Сум имала и многу повеќе и многу помалку килограми. И среќна сум што и во двата случаи не ми влијаеле на самодовербата. Не сум човек кој држи диети, но знам да внимавам што внесувам од исxрана. Се водам според тоа дека ние сме она што јадеме!

Обожавам да пешачам!


Н. Миланова

Фото: Приватна архива